Дома Фудбал „Дајте ми некој траг“: Целосна конфузија во ВАР собара за време на дуелот Вест Хем – Арсенал, исплива ауди снимка

„Дајте ми некој траг“: Целосна конфузија во ВАР собара за време на дуелот Вест Хем – Арсенал, исплива ауди снимка

Судијата Крис Каван беше целосно збунет од упатствата што ги добиваше од своите колеги во ВАР собата при носењето на најбитната одлука на сезоната за време на неделниот натпревар меѓу Арсенал и Вест Хем (1:0). Главниот судија во еден момент буквално побара да му дадат „некоја насока“ додека го гледаше прегледот на израмнувачкиот гол на Калум Вилсон во продолжението, кој на крај го поништи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Каван процени дека офанзивниот играч на Вест Хем, Пабло, направил прекршок врз голманот на Арсенал, Давид Раја непосредно пред постигнувањето на голот од Вилсон. Сепак, асистентот во ВАР собата, Акил Хаусон, беше загрижен за начинот на кој што Леандро Тросар го турна Пабло директно врз голманот пред да се случи прекршокот, нешто што Каван го занемари.

Неговата одлука му донесе победа на Арсенал од 1:0 – резултат што може да биде клучен во борбата за шампионската титула во Премиер лигата, додека Вест Хем го остави во сериозни проблеми во зоната за испаѓање само две кола пред крајот.

Програмата „Match Officials Mic’d Up“ на „Sky Sports“ открива колку Каван бил фрустриран кога му било предложено да разгледа дали Тросар навистина прв направил грешка. Откако главниот судија потврди дека Пабло го блокирал Раја со левата рака, му беше кажано дека ќе му бидат пуштени агли кои ќе ги покажат случувањата со другите играчи.

„Тука се Деклан Рајс и Леандро Тросар“, изјави ВАР асистентот Хаусон.

Кавано му одговори нервозно: „Не знам што се обидувате да ми покажете, дајте ми некоја насока.“ Кога директно му беше предложено да ја погледне ситуацијата каде што Тросар го турна Пабло кон Раја, Кавано изјави: „Не мислам дека тука има било каква материјална грешка, задоволен сум со одлуката.“

“Ако гледате на екранот пет минути, ќе најдете што било!”

Потоа му беше наложено да го разгледа потенцијалниот прекршок на Деклан Рајс врз Константинос Мавропанос, при што Каван одговори: “Но прекршокот врз голманот се случува пред тоа.”

Транскриптот јасно покажува со колку фактори судиите мораат да се соочат при донесувањето на клучни одлуки на теренот, што делумно објаснува и големите доцнења кои ВАР ги создава. Од моментот кога Вилсон ја затресе мрежата до одредувањето на прекршокот поминаа неверојатни четири минути и 17 секунди, додека судиите мораа да го прегледаат повторувањето 17 пати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ова е тотална војна: По тоа што се случи Реал и Барса стануваат вечни непријатели

Шампионот на Шпанија Барселона реши да реагира по жестоките обвинувања што ги изнесе претс…