Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може да се сретнат само во битката за трофејот.

Вардарци ќе имаат потешка задача бидејќи ќе се соочат со Алкалоид, додека Пелистер ќе игра со Тиквеш. Трофејот во Купот сезонава го брани Вардар кој ова натпреварување го освојуваше 16 пати во историјата.


Германија гази и најавува битка за титула! ↓↓↓


Еурофарм Пелистер на трофеј во Купот чека од 2005 година, додека Алкалоид и Тиквеш никогаш не го освоиле.

Кај дамите бранителот на трофејот, Ѓорче Петров ќе игра против Куманово, додека во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Вардар и Чаир.

Завршниот турнир се игра од 17-ти до 19-ти мај во арената „Борис Трајковски“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Страшни сцени на ЕП: Докторите го спасуваа животот на унгарски репрезентативец 🎥

Во 68. минута од натпреварот помеѓу Шкотска и Унгарија видовме страшна сцена во која настр…