Дома Фудбал Фабијани: Само три минути нè делеа од посакуваниот резултат!

Фабијани: Само три минути нè делеа од посакуваниот резултат!

По драматичната елиминација од Рига, тренерот на Вардар, Кристијан Фабијани, истакна дека неговите фудбалери заслужуваат пофалби за прикажаното, иако останаа без пласман во следната рунда од европските натпреварувања.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Три минути нè делеа од посакуваниот резултат. На терен стоевме перфектно, екипата доста беше координирана и имаше ред во играта. Тактички ги затворивме сите приоди на противникот иако игравме скоро 80 минути во регуларниот дел со играч помалку. По примениот гол веќе не можевме уште цели 30 минути со играч помалку. Меѓутоа сум презадоволен од тоа како екипата беше поставена на теренот и се бореше“, кажа Фабијани.

Сличен став имаше и Димитар Данев, кој нагласи дека целиот тим оставил сè што има на теренот.

„Сите играчи што бевме на терен го дадовме својот максимум за Вардар и се боревме секоја минута што ја добивме. Имавме добар старт, потоа добивме црвен картон ама и покрај тоа тактички бевме дисциплинирани и му париравме на противникот. Потоа примивме гол на три минути до крај, а во продолженијата тешко беше да се издржи со играч помалку на теренот“, посочи Данев.

Вардар беше на чекор до сензација во Летонија, имаше предност од 2-0 сè до последните минути од регуларниот дел, но на крајот загуби со 5-2 по продолженијата и ја заврши европската авантура за оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Динамо со голем пресврт и спектакуларен гол го продолжи европскиот пат! (Видео)

Фудбалерите на Динамо обезбедија пласман во третото коло од квалификациите за Лигата на ша…