Дома Фудбал Барселона можеби ќе се раздели и со Жул Кунде, Арсенал покажува интерес

Барселона можеби ќе се раздели и со Жул Кунде, Арсенал покажува интерес

Откако официјално го позајми Роналд Араухо на Ливерпул, Барселона можеби ќе се раздели и со уште еден од своите одбранбени играчи кој има висока плата. Станува збор за Жул Кунде, за кого сериозен интерес покажува Арсенал, тврди „Спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Французинот го обнови својот договор со каталонците пред само една година и неговата желба е да остане на „Камп Ноу“, но самиот клуб е отворен кон негов трансфер за да се ослободат уште средства за подготвуваните трансакции за Родри, Хулиан Алварес и Кансело.

Кунде ги започна тренинзите со тимот само денеска, така што треба да одржи разговори со Ханзи Флик и Деко околу својата иднина во тимот. Доколку тој самиот е подготвен за трансфер, Арсенал ќе преземе конкретни чекори за негово привлекување, тврди „Спорт“.

Лондонскиот тим бара токму таков одбранбен играч – што може да игра и како централен бек и како десен бек. Причината е повредата на Вилијам Салиба и хроничните проблеми на Јуријен Тимбер. Приоритет на Арсенал беше англискиот репрезентативец од Астон Вила, Езри Конса, но клубот од Бирмингем бара за него над 75 милиони евра, а „топџиите“ не сметаат дека тоа е оправдана цена.

Последниот збор сепак ќе го има самиот Кунде, чииот договор со Барселона е до летото на 2030 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи започна преговори со Челси за Бадијашил

Наполи води директни преговори со Челси за можниот трансфер на Беноа Бадијашил. 25-годишни…