Дома Фудбал Спектакл во најава: Варди се враќа на Островот

Спектакл во најава: Варди се враќа на Островот

Легендарниот англиски напаѓач Џејми Варди е блиску до сензационално враќање на Островот, затоа што за неговите услуги е сериозно заинтересиран Вест Хем.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Искусниот 39-годишен голгетер, кој во 2016 година ги водеше „Лисиците“ од Лестер до историската титула во Премиер лигата, моментно е слободен играч откако му истече договорот со италијанскиот Кремонезе.

Учинокот од седум гола на 29 натпревари во Серија А не беше доволен за да го спаси клубот од испаѓање, но Варди не планира да се пензионира.

Лондонските „Чеканџии“ се подготвуваат за предизвиците во Чемпионшипот по испаѓањето од Премиер лигата и бараат проверено решение во нападот.

Како што пренесуваат островските медиуми, менаџерот Нуно Еспирито Санто инсистира на доведување на искусниот Џејми Варди и покрај тоа што Вест Хем веќе го има Пабло и Тати Кастељанос во нападот, како и капитенот Џарод Боуен.

Пред Вест Хем да се вклучи во трката, медиумите интензивно шпекулираа за емоционалното враќање во Шефилд Венздеј – клубот во кој Варди ги направи првите фудбалски чекори пред да биде отпишан како дете.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Габриел Жезус кажал “да” на Наполи

Габриел Жезус дал согласност за трансфер во Наполи, кој сака да го зајакне својата напад с…