Дома Фудбал Италија Бројките не лажат: Ова е најлошата сезона на Роналдо во последните 10 години!

Бројките не лажат: Ова е најлошата сезона на Роналдо во последните 10 години!

Кристиано Роналдо минатото лето го шокираше фудбалскиот свет кога реши да го напушти Реал Мадрид и да се пресели во Јувентус.

Португалецот во својата прва сезона успеа да го освои Скудетото, но Јувентус беше елиминиран во четвртфиналето од ЛШ, а во италијанскиот Куп исто така испадна во четвртфинале.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Поради тоа, ова дефинитивно беше сезона за заборав за Кристиано Роналдо, со оглед на фактот дека на 43 одиграни натпревари постигна „само“ 28 гола, што е негов најлош резултат во последната деценија.

Во сите десет сезони на „Сантиаго Бернабеу“, Роналдо никогаш не постигна помалку од 30 гола, а најмалку даде во неговата дебитантска сезона за „кралевите“ кога постигна вкупно 33 гола.

Роналдо после таа сезона никогаш не постигна помалку од 42 гола, а најмногу даде во сезоната 2014/15 кога постигна вкупно 61 гол.

Оваа сезона во Серија А заврши вкупно на 4-то место на листата стрелци со 21 гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Томас Милер може да заврши во клуб каде што никој не очекува!

По долгогодишна кариера започната уште како млад фудбалер, Томас Милер го напушта Баерн. О…