Напаѓачот на Милан, Фабио Борини после долго време се запиша во листата на стрелци, во победата над Џенова со 2:0.
Борини го постигна погодокот за 1:0, а подоцна Сусо стаљви печат на победата на Росонерите, кои се вратија на четвртото место во Серија А.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова за Борини е посебно значаен погодок бидејќи често беше оспоруван, но сега Италијанецот покажа дека не е случајно член на клуб како Милан.
Инаку, Борини се поврзуваше со трансфер во Кина, но тврди дека тоа се само шпекулации.
„Никогаш не бев блиску до трансфер во Кина“ – изјави Борини и додаде:
„Мојата идеја беше да останам во Милан. Среќен сум поради денешната победа. Победата е важна бидејќи ваквите натпревари секогаш се тешки и комплицирани.“
Новинарите го прашаа Борини дали се чуствува како џокер во тимот на Гатусо.
„Не.“ – низ смеа одговори Борини, кој вели дека овој погодок е плод на неговата напорна работа во претходниот период.