Дома Трансфер зона Бомба на „Франс Фудбал“: Ноер може во Јувентус!

Бомба на „Франс Фудбал“: Ноер може во Јувентус!

Долгогодишниот чувар на мрежата на Баерн Минхен, Мануел Ноер ова лето би можел да го напушти германскиот клуб.

Ноер има договор со Баерн до крајот на сезоната, а германскиот гигант веќе постигна договор со нов голман. На лето во Баерн пристигнува голманот на Шалке, Александер Нубел.

Германските медиуми пишуваат дека Ноер и Нубел започнуваат од иста стартна позиција и дека долгогодишниот чувар на мрежата на Баерн ќе треба да се бори за своето место на голот. Прашање е колку тоа ќе му се допадне на искусниот Германец.

Ако на Ноер тоа не му се допадне Баерн веројатно не би сакал да држи незадоволен играч во соблекувалната, па би можеле да видиме изненадувачки трансфер. „Франс Фудбал“ пишува дека италијански Јувентус може да биде наредна дестинација на Ноер.

Засега ова сценарио изгледа тешко возможно, меѓутоа фудбалот ни покажал многу пати дека во него се случуваат неверојатни нешта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Динамо има нов бисер: Барселона и два италијански клуба во битка за неговиот потпис

Oд поодамна е познато дека школата на Динамо е една од најдобрите во Европа. Невозможно е …