Репрезентативецот на Македонија Енис Барди како што стојат работите ова лето ќе ја промени средината, а последен клуб со кој се поврзува Барди е француски Лион.
Интерес за Барди има од повеќе клубови, а сега во игра влегува и Лион. Барди според информациите е една од желбите на на тренерот Питер Бош за новата сезона.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Лион имаше лоша сезона во француското првенство и Барди би бил одлично освежување во средниот ред, сезоната овој клуб ја заврши на осмата позиција и тоа што нема да игра во европските натпреварувања е големо разочарување.
Ќе потсетиме, Барди после поразот на Леванте од Реал Мадрид на социјалните мрежи објави порака во која порача дека ќе се обидат сите заедно веднаш да го вратат Леванте во шпанската елита, но во медиумите се погласно се најавува негово заминување.
Неодамна Шпанците пишуваа и дека Леванте ќе биде принуден да го продаде Барди за да го покрие минусот бидејќи со играњето во втората лига и приходите се помали.