Дома Трансфер зона Баерн ќе го врати Перишиќ во Интер

Баерн ќе го врати Перишиќ во Интер

Иван Перишиќ следната сезона нема да го носи дресот на Баерн, објави „Билд“.

Германците тврдат дека во Баерн не се задоволни од хрватскиот фудбалер и дека поради нема да ја активираат клазулата за откуп на неговиот договор.

Перишиќ вториот дел од сезоната ќе го искористи да се прикаже во најдобро светло за да си обезбеди трансфер на лето, бидејќи Баерн ќе го врати, а Интер нема намера да го задржи“, пишува „Билд“.

Баерн за едногодишна позајмица на 30 годишниот Перишиќ плати пет милиони евра и има опција да го откупи неговиот договор на крајот од сезоната за 20 милиони евра. На почетокот на сезоната се шпекулираше дека ќе остане во Баерн, меѓутоа тоа изгледа нема да се случи.

Оваа сезона на 19 натпревари Перишиќ постигна четири гола и запиша шест асистенции.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барса спреми 100 милиони за Интер и 42 милиони за Лаутаро

Не е тајна дека напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез е прва трансфер желба на Барселона во…