Дома Трансфер зона Баерн си најде нов голман, ќе плати пет милиони евра

Баерн си најде нов голман, ќе плати пет милиони евра

Израелскиот голман Даниел Перец многу брзо може да го облече дресот на Баерн Минхен, објави „Скај Спорт“.

Баварците ги завршија преговорите околу трансферот на 22-годишниот чувар на мрежата од Макаби Тел Авив, а како оштета ќе му исплатат пет милиони евра. Голманот веќе постигнал договор за соработка на пет години.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Перец последниот натпревар во дресот на Макаби го одигра во четвртокот против Челзи во плеј-офот во Конференциската лига, по што отпатува за Германија.

Се претпоставува дека Перец ќе биде поддршка на Свен Улрајх кој во овој момент е прв голма на Баерн поради повредата на Мануел Ноер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…