Дома Фудбал Останато Ајакс го промени името на стадионот: Ќе игра на „Јохан Кројф Арена“

Ајакс го промени името на стадионот: Ќе игра на „Јохан Кројф Арена“

Холандскиот гигант Ајакс од Амстердам денес потвди дека го промени името на својот стадион „Амстердам Арена“.

Имено, од наредната серзона овој спектакуларен стадион ќе го носи името на најголемата легенда на Ајакс – Јохан Кројф.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Јохан Кројф, кој почина на 24-ти март 2016 година го носеше дресот на Ајакс од 1964 до 1973 година и во тој период одигра 240 натпревари и постигна 190 гола. Кројф пред самиот крај на кариерата за врати во Ајакс во 1981 година и во две години одигра уште 36 натпревари.

Веста дека стадионот на Ајакс од следната сезона ќе се вика „Јохан Кројф Арена“ со воодушевување ја примија навивачите на холандскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…