Дома Фудбал Италија Аталанта: Бергамо ова е за тебе!

Аталанта: Бергамо ова е за тебе!

Aталанта вчера на „Местаља“ славеше со 4:3 и со вкупни 8:4 во двомечот со Валенсија се избори за четвртфинале во Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Херој на тимот од Бергамо беше Јосип Иличиќ кој постигна дури четири гола, а после натпреварот тој и соиграчите испратија порака на луѓето во Бергамо.

„Бергамо, ова е за тебе! Никогаш не се откажувај“, пишуваше на маицата која членовите на Аталанта ја држеа во раце пред камерите.

Инаку, Бергамо е еден од потешко погодените делови во Италија со коронавирусот, а во целата земја заразени се повеќе од 10.000 лица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Артета никогаш претходно во кариерата не гонаправил тоа што сега го направи поради Винисиус

Сагата околу Винисиус Жуниор и неговиот трансфер од Реал Мадрид во Арсенал продолжува и ут…