Дома Македонски спорт Ангеловски: Полска не е само Левандовски, ќе играме тимски и офанзивно

Ангеловски: Полска не е само Левандовски, ќе играме тимски и офанзивно

Селекторот Игор Ангеловски денес заедно со капитенот Горан Пандев одржа прес конференција пред утрешниот натпревар против Полска.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ангеловски иако ќе се соочиме со еден квалитетен противник најави напаѓачка игра.

„Среќен сум како човек и како тренер што работам со ваква генерација, атмосферата е одлична и на терен ќе излеземе со намера да за позитивен резултат како и секогаш. Тоа што играме против една силна репрезентација ни дава поголема мотивација“, изјави Ангеловски.

Потоа доби и прашање за Левандовски.

„Секако станува збор за еден фантастичен напаѓач, но Полска не е само Левандовски тоа еден одличен колектив и ние ќе им се спротиставиме со колективна игра. Како и во претходните натпревари ќе се обидеме со квалитетна игра да стигнеме до позитвен резултат“, порача Ангеловски.

Натпреварот помеѓу Македонија и Полска се игра утре со почеток во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Гранит Џака на 33 години прави шокантен трансфер

Гранит Џака зад себе има одлична сезона во Сандерленд, а игра и одлично на Светското првен…