Дома Топ вести Ал Наср се раздели со Абубакар за да го регистрира Роналдо

Ал Наср се раздели со Абубакар за да го регистрира Роналдо


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Камерунецот Висент Абубакар повеќе не е играч на Ал Наср каде што неодамна пристигна Кристијано Роналдо.

Имено, Ал Наср според правилата во Саудиска Арабија е ограничен на осум странци и тој број веќе беше пополнет, па за да се регистрира Роналдо некој мораше да си замине.

Цената на плати Абубакар затоа што јасно е дека Роналдо ќе биде првиот избор во нападот. 30-годишниот Абубакар за својата година ипол во овој клуб заработи девет милиони евра.

 Тој учествуваше и на последното Светско првенство, па нема да има проблем да пронајде нов клуб бидејќи за него се заинтересирани Манчестер Јунајтед, Рајо Ваљекано и Фенербахче.

Како што стојат работите Роналдо ќе има право за настап во следниот натпревар и се очекува да дебитира против Ал Итифак каде што настапува нашиот Дарко Велковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и ПСЖ се договорија, но трансферот на Зијеш пропадна поради документацијата

Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓ Челзи во последните моменти од преодниот рок…