Фудбалскиот натпревар од италијанската Серија Ц, Група А, помеѓу Кунео и Про Пјаченца стана вест на денот не само на Апенините, туку во цела Европа.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Имено, овој натпревар вчера стана главна вест во цела Европа, бидејќи домаќините победија со несекојдневен резултат 20:0.
Про Пјаченца ја минува најтешката сезона во историјата, поради неисплатени плати речиси сите играчи го напуштија клубот, а последните три меча Про Пјаченца ги изгуби без борба со 3:0 што според правилата уште едно неизлегувањена теренот значеше автоматска суспензија и исфрлување во најнизок ранг.
За да го сочува третолигашкиот статус, Про Пјаченца мечот го одигра со само седум тинејџери, кои на гостувањето кај Кунео загубија со неверјатни 20:0.Имено, Кунео кој целата сезона има постигнато само 18 гола, уште во првото полувреме постигна 16, а најмногу се истакна Хишам Канис, кој постигна дури шест гола.
На клупата на Пјаченца немаше ниту тренер, ниту физиотерапевт, ниту измена. Капитенот, кој има само 19 години беше пријавен и како тренер на тимот од Пјаченца.
Поради целиот овој „циркус“ денес реагираше Фудбалската федерација на Италија која одлучи да го поништи натпрварот и да го запише со службен резултат 3:0.
Поради тоа При Пјаченца, која не ги одигра и претходните три меча, денес и официјално беше исфрлена од италијанската Серија Ц.
UFFICIALE: il #ProPiacenza escluso dal campionato di #SerieC! https://t.co/v2zAUhAJsL pic.twitter.com/Fqq61pvwJS
— calciomercato.com (@cmdotcom) February 18, 2019