Дома Фудбал Англија Јунајтед без Рашфорд, Погба и Марсијал против Арсенал

Јунајтед без Рашфорд, Погба и Марсијал против Арсенал

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солсјкер има големи проблеми пред дербито со Арсенал и најверојатно нема да може да смета на Рашфорд, Погба и Марсијал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Норвежанецот сигурно нема да може да смета на Маркус Рашфорд, голема е веројатноста Антони Марсијал да не биде подготвен за игра,  а на мечот со Рочдејл повредата ја обновил и Погба, па Французинот е во трка со времето и не се знае дали ќе настапи во дербито во понеделник.

„Погба е во трка со времето. Дали е неизвесен? Дефинитивно неговиот настап е неизвесен. Нема да ризикувам со Рашфорд и Марсијал. Ќе излеземе против Арсенал со она што го имаме на располагање, повредите се дел од фудбалот“, изјави Солскјер.

Единствена позитивна вест за Солскјер е враќањето на Лук Шоу, кој ќе биде спремен за дербито против Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Зборови кои сите ги чекаа, Симеоне го спореди Алварез со Гризман

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, повторно истакна дека смета на Хулијан Алварез…