Дома Фудбал Останато Јувентус три пати добил „не“ од Гвардиола, одбил огромна плата!

Јувентус три пати добил „не“ од Гвардиола, одбил огромна плата!

Шампионот на Италија три пати се обидел да го доведе Гвардиола.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Гвардиола си го одржал зборот. Ниту за големи пари не се одлучи да го погази она што го кажал. Од Јувентус со сите сили се обеидувале да го убедат Каталонецот во последниот месец, но меѓутоа немале успех.

Кога Масимилијано Алегри ја заврши мисијата во Јувентус управата на италијанскиот шампион вниманието го насочи кон Пеп Гвардиола.

„Еуроспорт“ денес објави дека на менаџерот на Сити во Торино му била понудена плата од 20 милиони евра по сезона, меѓутоа Пеп и таа сума ја одбил.
После негативниот одговор на Пеп Јувентус се свртел кон нови решенија, а се појасно станува дека нов тренер на „старата дама“ ќе биде Маурицио Сари.

Официјална потврда се уште нема, но скоро сите медиуми во Италија најавуваат дека тоа ќе се случи кога ќе го раскине договорот со Челзи, а тоа се очекува да биде многу брзо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи не сака да му плаќа на Лукаку 12 милиони евра годишно, еве каде може да продолжи напаѓачот

Ромелу Лукаку би можел да го напушти Наполи, додека се појавуваат гласини за САД како него…