Дома Фудбал Шпанската легенда предизвика бура: Рејес не заслужува да биде испратен како херој!

Шпанската легенда предизвика бура: Рејес не заслужува да биде испратен како херој!

Вчера Шпанија и фудбалскиот свет остана во шок после веста за трагичното згаснување на животот на Хозе Антонио Рејес.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Поранешниот фудбалер на Севиља, Арсенал и Реал Мадрид го изгуби животот откако излета од патот со својот Мерецедес при врзина од 200 километри на час. Трагедијата е уште поголема затоа што во возилото со Рејес животот го загуби неговиот братучед, додека уште едно лице се наоѓа во критична состојба.

Денес бура во јавноста предизвика објавата на поранешниот шпански голман и легенда на Валенсија, Сантијаго Кањизарес.

„Возењето со голема прзина е несовесно однесување. Во инцидентот настрадаа и други луѓе. Рејес затоа не заслужува да биде испратен како херој. Ова не значи дека не жалам за загубата, се молам за него секако. Не може некој да не жали на вакво нешто“, гласи објавата на Кањизерас со која предизвика големи реакции во Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фернандеш добива непријатно изненадување од Премиер лигата!? (Видео)

Бруно Фернандеш во недела го сруши рекордот во Премиер лигата по број на асистенции во едн…