Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА пронајде „идеално“ решение за Лигата на шампиони

УЕФА пронајде „идеално“ решение за Лигата на шампиони

УЕФА во вторник ќе донесе конечна одлука за тоа како да заврши сезоната во европскиот фудбал, а денеска пристигнаа информации дека би можел да се игра фајнл-фор во Лигата на шампиони.

Познато е дека нема термини за да се одиграат сите натпревари, па УЕФА мораше да најде ново решение и според нив во мај може да се игра Ф4 на кое ќе бидат четири екипи, две полуфиналиња и едно финале на 30 мај.

Тука сега преостануваат два проблеми, преостанатите реванши од осминафиналето, остануваат уште четири меча: Манчестер Сити – Реал Мадрид, Барселона – Наполи, Јувентус – Лион и Баерн Минхен – Челзи. Втор проблем е како да се одржи четвртфиналето.

Ова важи и за натпреварите во Лига Европа, а УЕФА ќе соопшти повеќе детали по состанокот закажан за вторник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Четири клубови подготвуваат тужба за 800 милиони против Ман Сити

Манчестер Сити може да се соочи со нов сериозен проблем, бидејќи четири клуба од Премиер л…