
По четиригодишно отсуство, Вардар повторно ќе биде дел од ракометната елита во Европа. Македонскиот шампион доби вајлд-карта од ЕХФ и следната сезона ќе настапува во Лигата на шампионите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Веста за враќањето меѓу најдобрите европски клубови „црвено-црните“ ја споделија на креативен начин преку своите социјални мрежи.
Во центарот на видеото е пикерот Милан Лазаревски – Мечка, кој во моментите кога ги планира летните одморски денови добива телефонски повик од тренерот Иван Чупиќ. Наместо потврда за одмор, Лазаревски добива порака дека Вардар ќе игра во Лигата на шампионите и дека е време за почеток на подготовките.
Со оваа оригинална најава, вардарци го одбележаа своето враќање во најпрестижното клупско натпреварување, каде повторно ќе ги одмерат силите со европските ракометни гиганти.