Дома Трансфер зона Тим вреден 547 милиони фунти: Борусија повторно е моќна! (ФОТО)

Тим вреден 547 милиони фунти: Борусија повторно е моќна! (ФОТО)

Борусија Дортмунд денес го официјализираше враќањето на Матс Хумелс и на тој начин на сите им стави до знаење дека во следната сезона има високи цели.

После продажбата на Кристијан Пулишиќ во јануари и заработката од околу 60 милиони фунти во Дортмунд одлучија тие средства да бидат вложени во нови фудбалери.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако пред неколку недели пристигнаа Нико Шулц од Хофенхајм, Торган Азар од Борусија Менхенгладбах и Јулијан Брендт од Леверкузен денес „милионерите“ го официјализираа трансферот на стоперот Матс Хумелс.

Сметајќи ја сумата и од откупувањето на договорот на Пако Алкасер кој беше на позајмицата од Барселона и тоа за 19 милиони фунти клубот во досегашниот дел од преодниот рок потроши дури 114.7 милиону фунти што е нивни рекорд.

Вложената сума и тоа како е забележителна во играчкиот кадар и тимот на Дортмунд сега изгледа навистина моќно „Милионерите“ одново се еден од највредните тимови со оглед на тоа дека според „Трансфермаркт“ вредноста на играчите кои сега ги имаат на располагање изнесува 547 милиони фунти. Треба да се каже дека Дортмунд се уште е втор највреден тим во Германија, но сега заостанува нешто повеќе од 100 милиони фунти.

Многумина сметаат дека со овој играчки кадар Борусија може да парира на Баерн и повторно да се бори за титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …