Повредата на Столе Стоилов полека се надминува, тој се повреди во дуел против екипата на ПСЖ, во подготвителниот период за оваа сезона. Како што денес кормиларот на црвено-црните на прес-конференцијата појасни, се очекува негово брзо враќање.

-Стоилов работи, но невозможно е да игра овој викенд, но следната сабота против Келце би можеле да го имаме. Тој сака да се врати што е можно побрзо, но ќе мора да почекаме. Што се однесува до повредените ракометари, Мораеш и Борозан ќе бидат неизвесни до последен момент, но се очекува настап нивни со Р.Некар, истакна Парондо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Oхрид го доби грчки противник во четвртфиналето на ЕХФ купот!

Ракометниот клуб Охрид се пласираше четвртфиналето на Европскиот куп на ЕХФ откако ја елим…