Дома Трансфер зона Сензација во српскиот фудбал: Играше за Рома, Интер и Фиорентина, а сега потпишува за Нови Пазар

Сензација во српскиот фудбал: Играше за Рома, Интер и Фиорентина, а сега потпишува за Нови Пазар

Србинот Адем Љајиќ ќе потпише договор со клубот од неговиот роден град Нови Пазар, објави „Моцарт спорт“.

Веста е сензационална за навивачите на овој клуб бидејќи Љајиќ е фудбалер со богато интернационално искуство. Тој е поранешен репрезентативец на Србија, а во кариерата собра искуство во клубови како Фиорентина, Рома, Интер и Бешикташ, кариерата ја започна во Партизан.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Минатата сезона беше дел од турски Карамгурук, а во Нови Пазар се најавува како најголемото засилување во историјата на овој клуб.

„Навистина специјален и посебен момент за нешиот клуб. Подолго период преговаравме со Адем и сега можеме да го најавиме неговиот трансфер кој треба да биде завршен многу брзо“, изјавиле од српскиот прволигаш.

Најголем дел од кариерата Љајиќ помина во Серија А и постигна 48 голови, додека дресот на репрезентацијата на Србија го носеше на 47 натпревари во кои запиша девет голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…