Со интерна манифестација, посветена на акционерите, спонзорите и пријателите на клубот, шампионот на Македонија, РК Еурофарм Пелистер ја заврши сезоната 2023/24.
На церемонијата, одржана во Голд Фелициа, присутни беа сите чинители на успешната сезона. Клубот го анализираше постигнатото, се обратија претседателот Зоран Стерјев, спортскиот директор Звонко Шундовски, тренерот Бранислав Ангеловски и капитенот Филип Кузмановски.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со пригодни подароци беа испратени ракометарите кои заминуваат од клубот на истек на договорот.
Следната ваква средба закажана е за крајот на август, при претставувањето на екипата за сезоната 2024/25.
Од наредната сезона во Битола нема да биде досегашното голманско трио. Заминуваат сите тројца голмани: Урбан Лесјак, Калифа Гедбан и Марко Кизиќ.
Заедно со голманите си заминуваат и бековите, Марио Танкоски и Руди Сери. Дресот на Пелистер нема да го носат и кружните напаѓачи Денис Васиљев и Матеу Пиеховски.