Eвропската ракометна федерација ги потврди тимовите кои досега имаат сигурно место во Лигата на шампионите наредната сезона и оние кои ќе бараат вајлд карта.
Место во европската елита веќе имаат обезбедено: Барселона, Алборг, ПСЖ, Магдебург, Фуксе Берлин, Веспрем, Клоштад, Висла Плкок и Спортинг. Преостанати се само уште седум слободни места.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
И македонскиот шампион Еурофарм Пелистер аплицираше за „вајлд-карта“ и така е во конкуренцијата на 12 екипи кои со посебна покана од ЕХФ ќе учествуваат во ракометната елита.
Покрај Еурофарм Пелистер за вајлд-карта аплицираа: Киелце, ПИК Сегед, Нант, Загреб, Фредрициај, Бидасоа Ирун, Елверум, Порто, Динамо Букурешт, Татран Прешов и Кадетен Шафхаузен.
Одлуката европската федерација ќе ја соопшти на 19-ти јуни, ждрепката за групите е закажана на 27. јуни.