
Новата сезона на Формула 1 наскоро започнува, а веќе се знае кој е според обложувањата главен фаворит за титулата светски првак. Британецот Џорџ Расел од Мерцедес води со коефициент 3.00, иако последните четири сезони Мерцедес ретко беше на врвот на поредокот.
Тестирањата за новата сезона покажаа дека тимот под водство на Тото Волф најдобро се прилагоди на промените во правилата, а Расел се истакнува со комбинација од искуство, брзина во квалификациите и паметен пристап кон трките, што му дава предност пред младиот колега Андрее Кими Антонели.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Зад Расел, според обложувањата, е четирикратниот светски првак Макс Верстапен од Ред Бул со коефициент 4.00. Иако според тестирањата се чини дека Ред Бул ќе биде само четвртиот најбрз болид, Верстапен минатата сезона покажа способност да ги надомести слабостите на својот болид и поради тоа се наоѓа високо на листата на фаворити. Третото и четвртото место ги заземаат возачите од Ферари, Шарл Леклерк со коефициент 6.00 и Луис Хамилтон со коефициент 7.00. Леклерк минатата сезона покажа подобро разбирање на болидот и убедливо го надмина Хамилтон, и покрај богатото искуство на британскиот возач.