Eкипата на Јувентус вчера без проблеми го совлада Киево со 3:0 и така ја задржа предноста од девет бода во однос на најблискиот конкурент Наполи.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Кристиано Роналдо на оваа средба не се запиша во листата на стрелци, иако имаше голема шанса.
Португалскиот фудбалер не реализираше пенал во 53-тата минута од натпреварот, а со тоа изгуби и облог со Алегри.
Роналдо потврди дека го изгубил облогот, но не откри што ќе треба да направи.
„Да, така. Јас и тренерот имавме облог дека ќе ги реализирам сите пенали во сезоната. Не успеав, сега подготвен сум да си го одржам зборот“, изјави Роналдо.