Дома Фудбал Италија Роналдо застана во одбрана на Игуаин: Не го заслужи ова!

Роналдо застана во одбрана на Игуаин: Не го заслужи ова!

Кристиано Роналдо застана во одбрана на својот поранешен соиграч Гонзало Игуаин кој беше исклучен во синоќешното дерби помеѓу Милан и Јувентус.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Аргентинецот во првото полувреме промаши пенал, а во 83-та минута доби жолт картон поради прекршок, а потоа и поцрвене поради протест кон судијата.

Меѓу фудбалерите кој му пријдоа да го смират беше и Кристиано Роналдо, кој застана во негова одбрана.

„Му реков да се смири бидејќи ризикува уште потешка казна. Не заслужи да добие црвен картон бидејќи не направи ништо посебно. На крајот беше лут поради поразот, што е разбирливо. Се надевам дека нема да го казнат престрого“, изјави Роналдо по мечот.

https://youtu.be/rh7Y_KZtQpI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Душан Влаховиќ понуден на Атлетико, Барселона и Реал: Шамарот што го доби ќе боли до крајот на кариерата!

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ е во потрага по нов клуб откако не беше договорено продолж…