Дома Трансфер зона ПСЖ и Интер блиску до договор за Скриниар

ПСЖ и Интер блиску до договор за Скриниар

Главна трансфер цел на ПСЖ ова лето ќе биде дефанзивецот на Интер, Милан Скриниар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Новиот спортски директор на ПСЖ, Луис Кампос пред неколку дена беше во Милано и започна првични преговори за трансфер на Скриниар.

„Нероаѕурите“ имаат финансиски проблеми и се спремни да продадат најмалку една своја ѕвезда, а најверојатно тоа ќе биде Скриниар.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека првата понуда од „светците“ изнесува 50 милиони евра, но Интер ја одбил бидејќи сака да добие повеќе.

Меѓутоа, Скриниар влезе во последната година од договорот и „нероаѕурите“ се спремни да го продадат за 60/65 милиони евра, па се очекува во наредните денови двете страни да го договорат трансферот.

Според информациите дефанзивецот веќе се договорил со „светците“ за петгодишна соработка и плата од 7 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…