Дома Македонски спорт Познати противниците на Дејвис куп репрезентацијата!

Познати противниците на Дејвис куп репрезентацијата!

Девис куп репрезентацијата на Македонија ги дозна имињата на противниците на турнирот од третата Евро-африканска зона, кој на 5.април ќе започне во Созопол, Бугарија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Девис куп репрезентацијата на Македонија во Бугарија ќе настапи во состав Томислав Јотовски, Димитар Грабул, Горазд Србљак и Шендрит Деари, кои во Б групата ќе играат против Малта (5.април), Исланд (6.април) и Молдавија (7.април).

Првата позиција во групата носи пласман во баражот, преку кој Македонија ќе се обиде да избори пласман во втората Евро-африканска зона на Девис купот.

Доколку влезе во баражот Македонија ќе вкрстува со Ц групата во која се Сан Марино, Албанија, Луксембург, Лихтенштајн.

Трета Евро-африканска зона:
Група А. Ерменија, Бугарија, Грција
Група Б: Македонија, Исланд, Малта, Молдавија
Група Ц: Сан Марино, Албанија, Луксембург, Лихтенштајн
Група Д: Андора, Косово, Ирска, Црна Гора.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …