Дома Фудбал Италија По 105 години постоење, уште еден италијански клуб замина во историјата!

По 105 години постоење, уште еден италијански клуб замина во историјата!

Уште еден италијански тим од денес замина во историјата.

Некогашниот прволигаш Модена прогласи банкрот и така ја заокружи 105та година од историјата на постоење.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес фудбалерите на Модена не се појавија на гостувањето кај екипата Сантаканџело во рамки на средбата од Серија Ц. Со оглед на тоа дека не се појавија на мечот, се донесе одлука клубот да се дисквалификува од лигата.

Така згасна уште еден италијански клуб. Изминатите години неколку екипи ставија крај на своето постоење, меѓу кои и Парма, која на крајот успеа некако и да се врати.

Модена е основана во 1912. година. Играа 13 сезони во друштво на најдобрите италијански екипи, а последен пат во Серија А беа во сезоната 2003/04.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…