Дома Фудбал Шампионите на Англија ја преземаат Италија, Капело разочаран: Тој не може!

Шампионите на Англија ја преземаат Италија, Капело разочаран: Тој не може!

Нов ден, нова возбудлива епизода во италијанскиот фудбал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако беше објавено дека назначувањето на Андреа Пирло за селектор на репрезентацијата е стопирано со одлука на претседателот на Сојузот, токму Џовани Малаго излезе со информацијата за тоа кој ќе го преземе тимот на „азурите“ наместо Пирло.

„Роберто Манчини е новиот селектор“, изјави критикуваниот Малаго, кого веднаш по промоцијата го напуштија техничкиот директор Паоло Малдини и асистентот Леонардо.

Малаго не ја покажа својата загриженост по нивното заминување, затоа што новиот технички директор на ФИГЦ ќе биде уште еден шампион на Англија, Клаудио Раниери.

Фабио Капело не е воодушевен од овој избор. Тој се уште не му го простил на Манчини неговото претходно напуштање на клупата на националниот тим и смета дека таква личност не заслужува втора шанса.

„Јас веќе реков дека мојот избор беше Антонио Конте, кој заврши одлична работа со репрезентацијата. Манчини не е лош избор, но тоа што го направи – да го напушти тимот пред серија важни натпревари – не може лесно да се заборави“, рече Капело, од што може да се заклучи дека разидувањата околу изборот на селекторот на посрналата репрезентација ќе продолжат и во периодот што претстои.

Ќе потсетиме, Манчини тогаш ја напушти репрезентацијата, а набрзо потоа седна на клупата на Саудиска Арабија.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонец ќе биде тренер на еден од најголемите словенечки клубови!

Македонскиот фудбалски стратег Југослав Тренчовски е нов тренер на Олимпија од Љубљана. Ка…