Дома Фудбал Италија Официјално: Франк Рибери кажа крај!

Официјално: Франк Рибери кажа крај!

Францускиот фудбалер Франк Рибери денеска соопшти дека на 39-годишна возраст ја завршува професионалната кариера.

“Повредата на коленото само се влоши и лекарите беа јасни: Немам повеќе избор, морам да престанам да играм. Затоа морам да ставам крај на мојата кариера”, изјави Рибери во видеото објавено на социјалните мрежи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Топката застана, но моите емоции не“, порача Французинот.

Во кариерата која траеше повеќе од две децении, играчот од средниот ред играше за Булоњ, Олимпик Але, Брест, Мец, Галатасарај, Марсеј, Баерн Минхен, Фиорентина, а последните натпревари ги одигра за Салернитана.

Најголем белег остави во Баерн за кој настапуваше 12 години (од 2007 до 2019 година) и со кој освои 23 трофеи. Најдобриот фудбал во кариерата го играше во 2013 година, кога беше трет во трката за Златната топка, пред него беа неприкосновените Кристијано Роналдо и Лео Меси.

За француската репрезентација дебитираше во 2006 година, а одигра вкупно 81 натпревар на кои постигна 16 голови. Според најавите од Италија Рибери нема да ја напушти Салернитана и ќе остане во клубот во улога на спортски директор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…