Дома Фудбал Италија Официјално: Тиаго Мота е нов тренер на Јувентус

Официјално: Тиаго Мота е нов тренер на Јувентус

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда – Тиаго Мота е нов тренер на Јувентус!

Бразилецот со италијански пасош потпиша тригодишен договор со „старата дама“, откако претходно направи „чудо“ со Болоња и ја однесе до Лигата на шампиони.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Мота имаше фантастична играчка кариера во Барселона, Атлетико, Џенова, Интер и ПСЖ. Тренерската кариера ја почна во младинските категории на ПСЖ, а потоа ги водеше Џенова и Специја, пред да седне на клупата на Болоња во 2022 година.

Во Јувентус ќе има за задача да го врати шампионскиот трофеј во Серија А, кој се чека веќе ќе четири години.

Коментари
  • Јувентус се договори со новиот тренер

    Масимилиано Алегри на крајот на сезоната ќе го напушти Јувентус, а раководството веќе има …
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ваква во овој момент изгледа нокаут фазата на ЕП – левата страна е застрашувачка

Откако го дознавме исходот во четири од шесте групи на Европското фудбалско првенство, поз…