Дома Фудбал Мота е на насловните страни, веќе се знае неговиот следен клуб?!

Мота е на насловните страни, веќе се знае неговиот следен клуб?!

Тијаго Мота е веќе шест дена без работа, а веќе се шпекулира за неговата следна дестинација. 

Тој не сака да ја заврши оваа сезона без клуб, па неколку клубови се заинтересирани за Мота. 

„Тутоспорт“ пренесува дека тој е еден од кандидатите да го замени Гасперини на клупата на Аталанта и дури се појави на насловната страница, но оваа опција важи дури за летото 2025 година. 

Гасперини има договор до летото 2026 година, но се повеќе се шпекулира дека би можел да замине од клубот во јуни. 

Уште една шанса за Мота е – Франција. Таму помина голем дел од својата фудбалска кариера затоа што играше шест години за ПСЖ. 

Наводно, неколку клубови се заинтересирани за неговите услуги веќе сега, но тоа е помалку веројатна опција и „Тутоспорт“ смета дека Мота ќе ја почека Аталанта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кол Палмер потпиша нов договор со Челси до 2034 година

Кол Палмер го продолжи договорот со Челси до 2034 година, со цел да освои големи трофеи со…