
Ливерпул започна потрага по фудбалер кој ќе ја пополни празнината по заминувањето на Мохамед Салах, а на метата е играчот на Брајтон, Јанкуба Минте.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Откако Салах објави дека заминува од Енфилд, Ливерпул активира опции за негова замена. Името на Мајкл Олисе од Бајерн често се споменува, но овој француски крилен напаѓач се покажува како исклучително скап и комплициран случај.
Според медиумите, вниманието на Ливерпул се свртува кон играчот на Брајтон, кој оваа сезона игра сосема солидно, но не на ниво што привлекува внимание на гигантите од Енфилд.
Станува збор за Јанкуба Минте, 21-годишен крилен напаѓач од Гамбија. Галебите го донесоа Минте во 2024 година од Њукасл, на кого му платија 35 милиони евра. Неговата кариера започна во Данска, во Одензе, кој го продаде на Њукасл во 2023 година за 8.000.000 евра.