Дома Фудбал „Мота во Јувентус не доби почит, не се веруваше во неговиот проект“

„Мота во Јувентус не доби почит, не се веруваше во неговиот проект“

И во самиот Јувентус, а и навивачите, беа многу возбудени кога беше јасно дека „Старата дама“ ќе ја тренира човекот кој беше вистински хит со Болоња минатата сезона. Само девет месеци подоцна, сосема е променето мислењето за Мота како тренер и малкумина се жалат што заминал Бразилецот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Има и такви кои сметаат дека лесно Jувентус се откажал од Мота и проектот. Еден од нив е и поранешниот агент на Мота, Дарио Канови.

– Не сакам да зборувам за отпуштањето, туку сакам за нешто друго. Тијаго Мота беше третиран со непочитување. Не зборувам овде за Јувентус – рече Канови.

Се сметаше дека Мота нема најдобар однос со играчите, а посебно неговиот однос со Душан Влаховиќ беше истакнат, кој често ги започнуваше натпреварите од клупа.

– Апсолутна неистина е дека Мота не се согласувал со играчите. Во ред е да го критикуваат како тренер, но не и како личност.

Под водство на Мота, Јувентус беше петти, и тоа зад Болоња, со учинок од по 13 победи и ремии и три порази. Покрај тоа, испадна од Лигата на шампионите од ПСВ и од Купот на Италија од Емполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фелипе Луис најде нов ангажман, првпат ќе биде тренер во Европа

Монако имаа тешка сезона зад себе. Едвај обезбедија место за настап во европските купови, …