Дома Фото Направена интересна споредба: Колку денеска ќе вредат поранешните фудбалски ѕвезди?

Направена интересна споредба: Колку денеска ќе вредат поранешните фудбалски ѕвезди?

Специјализираната страница за пазарната вредност на играчите Трансфермаркт, направи интересна споредба колку денеска би била цената на поранешните фудбалски ѕвезди.

Во денешниот фудбал стана нормално клубовите да издвојуваат енормно високи суми за донесување играчи во своите редови. Денеска да се плати 100 или 200 милиони за некој фудбалер стана нормална работа, па со тоа некои навивачи со право се прашуваат колку денеска би вределе Марадона или Пеле.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според Трансфермаркт, оваа идеална постава на Баерн би имала 2 од 3 највредни играчи на светот, помеѓу Мбапе и Нејмар би бил Франк Бекенбауер со 190 милиони евра.

Границата од 100 милиони евра ја пробиваат уште и Румениге со вредност од 155 милиони, потоа Лотар Матеус со 130 милиони и Ули Хенес со 125 милиони.

Интересно е што токму сегашниот претседател на Баерн, Хенес е голем противник на вртоглавите цифри кои се вртат во денешниот фудбал.

„Според мое мислење, ниту еден играч не вреди повеќе од 100 милиони евра.“ – изјави своевремено во изјава за Билд во 2017. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фото

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…