Дома Фудбал Останато Највредните фудбалери во светот: Белингам се изедначи на врвот со Мбапе и Халанд

Највредните фудбалери во светот: Белингам се изедначи на врвот со Мбапе и Халанд

„Трансфермаркт“, медиумот кој е специјализиран за проценка на вредностите на фудбалерите објави нова листа на највредните фудбалери на денешницата.

Пораст на цената од 150 на 180 милиони евра забележа фудбалерот на Реал Мадрид Џуд Белингам кој игра фантастично од почетокот на сезоната. Така англискиот репрезентативец сега се изедначи со ѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе и напаѓачот на Манчестер Сити Ерлинг Халанд.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Зад триото во кое секој вреди 180 милиони евра, следува Винисиус Жуниор со 150 милиони евра и Букајо Сака со 30 помалку.

Белингам кој од почетокот на сезоната на 21 натпревар за Реал Мадрид постигна 17 гола и подели пет асистенции, неговиот договор со Реал Мадрид има важност до 2029 година. Ќе потсетиме и дека беше избран за „златно момче“ во изборот на „Тутоспорт“.

НАЈВРЕДНИТЕ ФУДБАЛЕРИ ВО СВЕТОТ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПМФЛ: Пресврти на Силекс и Шкупи, Вардар влезе во црна серија

На македонските фудбалски терени денеска се играа натпреварите од ПМФЛ. Екипата на Шкупи с…