Дома Фудбал ПМФЛ: Голови паѓаа во Чегране и Кавадрци, но никој не победи

ПМФЛ: Голови паѓаа во Чегране и Кавадрци, но никој не победи

Седмото коло во Првата македонска фудбалска лига започна ефикасно, со осум гола на првите два натпревари и две нерешени средби со идентични 2-2.

Шкендија не успеа да се врати на победничките патеки, откако по поразот од Тиквеш во минатото коло, денеска одигра 2-2 на гостувањето кај Арсими. Тетовци имаа одличен старт и по само 18 минути стигнаа до предност преку искусниот Бесарт Ибраими. Десет минути подоцна Меличи ја затресе мрежата за 2-0 и се чинеше дека Шкендија има целосна контрола над натпреварот.

Сепак, Арсими не се предаде и непосредно пред паузата намали преку Контрерас.

Во вториот дел немаше премногу возбудувања. Двете екипи главно се бореа за превласт на средината од теренот, а шансите беа ретки. Домашните, сепак, ја дочекаа својата можност во 80. минута и повторно преку Контрерас стигнаа до израмнување за конечни 2-2.

Шкендија ќе има можност за поправен следниот викенд, кога на домашен терен ќе го пречека последнопласираниот Башкими и ќе ја има фаворитската улога.

ез победник заврши и дуелот во Кавадарци, каде што Тиквеш и Струга Трим Лум одиграа 2-2.

Домашниот тим поведе во 12. минута со голот на Бразилецот Лусијанињо, но Струга експресно одговори. Само шест минути подоцна Агамах го израмни резултатот.

До крајот на првото полувреме гостите направија и целосен пресврт. Во 43. минута Радески погоди за 1-2 и Струга на одмор замина со предност.

Стружани долго време го чуваа водството, но не успеаја да ги освојат трите бода. Тиквеш до израмнување стигна во 87. минута, кога уште еден Бразилец, дефанзивецот Ренетињо, одлично реагираше по нафрлувањето и ги постави конечните 2-2.

По ови резултати, Вардар утре има можност со победа над Башкими да го прескокне Тиквеш и со 13 бодови да се доближи на само еден бод до Струга, односно на три бода до лидерот Шкендија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крај на уцените: ФИФА поради Алварез ќе промени правило за трансферите

За да се избегнат нови случаи слични на оној со Хулијан Алварез и неговиот трансфер во Бар…