
И покрај тоа што Ал-Наср се соочи со Абха во првенството на Саудиска Арабија и победи со 2:1, фокусот меѓу фановите не беше триумфот, туку еден комичен и необичен момент во кој главна улога имаше Кристијано Роналдо.
Кога Ал-Наср водеше со 2:0, противничката екипа доби слободен удар во 75-та минута, а Набил Фекир се подготвуваше за изведување. Наместо да му го остави поставувањето на живиот ѕид на голманот, Роналдо реши да преземе одговорност како чувар на мрежата.
Португалецот лично предложи на еден од своите соиграчи да го напушти живиот ѕид, што тој и го направи, а Фекир со вешт удар го искористи “отворот” и го матираше голманот на Ал-Наср за 2:1.
Култната сцена брзо се прошири на социјалните мрежи, особено на платформата X, каде што навивачите почнаа масовно да му се шегуваат на сметка на португалската ѕвезда.
“Честитки за Роналдо, првиот играч во поле кој наместо својот голман одлучува колку играчи ќе останат во живиот ѕид и сепак примаат гол. Ова не може да се измисли”, напиша еден корисник на X, додека други додаваа дека “целата екипа ја претвори во меме поради неговото его.”
На среќа на Роналдо, овој пропуст не го чинеше неговиот тим бодови бидејќи Ал-Наср ја задржа предноста до крајот на натпреварот, а самиот Роналдо претходно се запиша меѓу стрелците во 22-та минута.
Ronaldo don kill me. He no sabi anything 😭😂 pic.twitter.com/WteoJBafrQ
— cyborg (@Therealcyborg_1) September 10, 2026