Дома Останати Ракомет Македонија денеска го игра вториот натпревар на ЕП!

Македонија денеска го игра вториот натпревар на ЕП!

Одбојкарската репрезентација на Македонија денеска од 15:00 часот ќе го игра натпреварот против Украина во рамките од второто коло на Европското првенство.

Натпреварот кој е закажан за во 15:00 часот се игра и точно на денот на роденденот на селекторот Јошко Миленкоски кој полни 66 години. Тоа сигурно е само дополнителен мотив за нашите одбојкари да одиграат на највисоко ниво и со првата победа на ова Европско првенство да му го честитаат роденденот.

Ќе потсетиме, Македонија Европско првенство го почна со пораз од домаќинот Бугарија, репрезентација која е и меѓу главните фаворити за освојувањ на турнирот.

„Ја анализиравме добро, се работи за една од најдобрите европски репрезентации, во ТОП-10 на светската ранг-листа. Украина е составена од ѕвезди, најголемата им е Плотницки, еден од најдобрите сервери во светот, тоа може да ни биде проблем, но ќе видиме како ќе се спротиставиме. Последните подготовки се направени, треба да ја играме нашата игра. Овој меч ќе ни послужи како подготовка за последните два меча. Рецептот треба да е ист како со Бугарија, да не се оптоваруваме со ривалот, туку со нас.“, изјави нашиот селектор пред овој дуел.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар не разочара, но загуби од Мелсунген

Ракометарите на Вардар одиграа борбен натпревар, но сепак останаа без бодови на стартот од…