Дома Фудбал Останато 168 црвени картони на едно место: Рамос, Пепе, Де Роси, Тоти, Ибра…Ова е најдобриот „Бед Бојс“ тим! (ФОТО)

168 црвени картони на едно место: Рамос, Пепе, Де Роси, Тоти, Ибра…Ова е најдобриот „Бед Бојс“ тим! (ФОТО)

„Трансфермаркт“ ги собра сите клучни податоци и претстави интересна „11-ка“.

Споменатиот портал ги избра играчите со најмногу црвени картони на сите позиции на теренот, а тимот од тие играчи има дури 168 исклучувања. На голот на овој тим наречен „Бед Бојс“ е Јенс Леман кој во текот на кариерата заработи седум исклучувања.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пред Леман следи двоец кој не е некое изненадување. Серхио Рамос и Пепе. Рекордер е Рамос кој собра 26 црвени картони, Пепе има 12. Рамос е човекот со најмногу исклучувања во историјата на Ла Лига и Лигата на шампионите, својот последен црвен картон го заработи во февруари во поразот на Реал Мадрид од Манчестер Сити во Лигата на шампионите.

Последната линија на овој тим ја комплетираат Патрис Евра и Марко Матераци.

Во средниот ред се две легенди на Рома, Даниеле Де Роси и Франческо Тоти. Овие двајца во текот на кариерата собраа 31 исклучување. Средниот ред го комплетираат Едгард Давидс и Зинедин Зидан. Холанѓанецот во текот на криерата беше исклучуван 25 пати. Успеа да заработи и три црвени картони како тренер-играч во неговиот период во англискиот Барнет.

Напаѓачката линија е составена од Златан Ибрахимовиќ и Марио Балотели. Залтан и Марио се исклучувани по 13 пати. Кога сме кај црвените картони треба да се спомене дека Балотели поради тоа што не доби повеќе од три црвени картони во текот на неговата една сезона во Ливерпул доби бонус од милион фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Класата е вечна: Ромарио е мајстор и на 58 години 🎥

Легендарниот бразилски фудбалер Ромарио се врати на тренинзите на 58 години, речиси две де…