
Пред нешто повеќе од три години, италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума и неговата тогашна партнерка беа жртви на кражба и брутален напад во Париз.
Судењето поврзано со овој случај започна во Париз, но уште првиот ден се претвори во комплетно неочекуван правец.
Наместо да се зборува за детали од страшната кражба од јули 2023 година, главното внимание го привлече еден од обвинетите, Иљас Хербуч, познат под прекарот „Ганито“.
Според француските медиуми, тој влегол во конфликт со полицајците околу 30 минути по почетокот на судењето. Сè започнало откако полицаеците го замолиле неговиот брат, кој бил во судницата, да престане да комуницира со него. Потоа полицаецот го побарал братот да ја напушти судницата.
Хербуч целосно ја изгуби контролата. Почна да им се заканува и да ги навредува полицајците, а неговите зборови беа толку сериозни, што во еден момент во судницата влегоа дури 11 полицајци.
„Доаѓајте и со 50.000.“, рече Хербуч, продолжувајќи со најтешките навреди и закани.