Дома Фудбал Револуција кај Романците: Воведен е црн картон, еве и што значи

Револуција кај Романците: Воведен е црн картон, еве и што значи

Романската фудбалска федерација (FRF) воведе сосема нова дисциплинска мерка во младинските категории, позната како црн картон.

За разлика од жолтиот и црвениот картон, овој не се однесува на играчите, туку служи како завршна реакција на судијата за несоодветното однесување на родителите и останатите гледачи.

Покажувањето на црниот картон значи само едно – натпреварот е дефинитивно прекинат и нема да продолжи.

Оваа нова мерка ќе се применува во натпреварите на младинскиот погон, вклучувајќи ги и натпреварите на децата од 7 до 16 години. Целта на романската фудбалска федерација е да ги заштити децата од насилство, навреди, притисоци и други неприфатливи однесувања од трибините.

„Децата не треба да бидат жртви на амбициите, притисоците или фрустрациите на возрасните кои ги следат од трибините“, истакнаа од Федерацијата.

Одлуката беше донесена на 11 септември за време на седницата на Комитетот за итни случаи на FRF и претставува продолжение на борбата против инцидентите на натпреварите во младинските категории.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хуан Мата објави крај на големата кариера!

Поранешниот играч за врска на Валенсија, Челси и Манчестер Јунајтед, како и на шпанската ф…