Toчно пред 10 години на денешен ден Горан Пандев стана третиот Македонец кој ја освоил Лигата на шампионите.
Интер во тоа финале во Мадрид го победи Баерн Минхен со 2:0. Пандев во таа фантастична генерација на Интер предводена од Мурињо во таа сезона освои се што можеше да се освои (Копа Италија, Серија А и Лига на шампиони).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Финалето Пандев го играше од првата мината, а двата гола за Интер ги постигна Диего Милито.
Вкупно во дресот на „нероаѕурите“ Пандев настапи на 47 натпревари и постигна 6 гола.