Дома Фудбал Њукасл има распоред од пеколот во 18 дена!

Њукасл има распоред од пеколот во 18 дена!

Еден од најтешките периоди е пред Нјукасл Јунајтед. 

Црно-белите ќе одиграат дури шест натпревари во 18 дена, а сè е дерби до дерби и тешко е да се издвои некој натпревар кој е помалку важен од другите. 

Добрата вест е што ќе играат четири натпревари дома, но…

Да почнеме по ред, прво во рамките на Премиер лигата ќе бидат домаќини на Манчестер Јунајтед на 4 март, а три дена подоцна ќе играат ФА куп против Манчестер Сити, и двете на свој терен. 

Следува натпревар против Барселона во Лигата на шампионите исто така на свој терен, а потоа гостување на Челси на 14 март, а седмицата ќе ја затворат со уште еден меч против Барселона на стадионот “Камп Ноу”. 

Сето тоа ќе биде зачинето со најголемото дерби за навивачите на Нјукасл, против Сандерленд на 22 март. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Раднички Ниш останува без тренер по поразот од Војводина

Марко Неѓиќ ја напушта тренерската позиција во Раднички Ниш по убедливиот пораз од Војводи…