Дома Фудбал Познат е распоредот на натпреварите од осмина-финалето на ЛШ, двата најголеми дербија во ист термин

Познат е распоредот на натпреварите од осмина-финалето на ЛШ, двата најголеми дербија во ист термин

По жребот за Лигата на шампионите, УЕФА го објави и точниот распоред на натпреварите од осмина-финалето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Првата вечер, во вторник на 10 март, ќе се сретнат Галатасарај и Ливерпул во термин од 18:45 часот.

Од 21 часот, ќе играат Аталанта против Баерн во Бергамо, Барселона ќе гостува на Њукасл, додека Атлетико во Мадрид ќе биде домаќин на Тотенхем.

Следниот ден, програмата ќе ја отвори Баер Леверкузен и Арсенал од 18:45 часот, а потоа од 21 часот ќе се играат двата најголеми дербија од оваа рунда. 

Реал ќе биде домаќин на Манчестер Сити во Мадрид, додека во Лондон, Челси ќе го пречека шампионот на Европа, Пари Сен Жермен, што ќе биде реприза на финалето од Светското клупско првенство, каде што ова лето победи англискиот тим.

Исто така, Боде ќе го пречека Спортинг во поларниот круг.

Реваншите се на 17 и 18 март.

Во вторник на 17 март ќе играат паровите од 11 март, а во среда на 18 март се на програмата реванш натпреварите од 10 март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нова ѕвезда на Реал дебитираше со број кој му е забранет во Ла Лига и Лигата на шампионите

Реал Мадрид вчера ги отвори подготовките за новата сезона против Фиорентина, а дебитантски…