Дома Останати Михаела Шифрин триумфираше на слаломот во Линц

Михаела Шифрин триумфираше на слаломот во Линц

Американската скијачка, Михаела Шифрин славеше на денешниот слалом одржан во австрискиот Линц.

Ова за неа беше петта победа сезонава или вкупно 36. во кариерата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Таа по двете трки имаше вкупно време 1:43.87 минута. Второто место го освои Венди Холденер, додека трета заврши Фрида Хансдотер од Шведска.

Во генералниот пласман води Шифрин со 821 бод, пред Германката Викторија Ребенсбург со 430, а третопласирана е Тина Вајратер од Лихтенштајн со 374.

Шифрин во пласманот за слалом е прва со 380 бодови.

Ова беше последната трка од Светскиот куп кај жените за оваа календарска година, а следната ќе се одржи на 3 јануари на Сљеме кај Загреб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Одбојкарите утре ги започнуваа подготовките за „Златната лига“

Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струми…